Кој е граѓанинот кој го пречека Бранко со три литри виски?

Човекот што синоќа топло и богато го пречека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Карпош Јани Макрадули и Андреј Петров е член на партијата и вработен во администрацијата на општина Карпош, пишува Нетпрес.
Според извори на Нетпрес, домаќинот на високата делегација од Социјалдемократскиот сојуз е Душко Бужаровски, кој е вработен во секторот за јавни набавки во општина Карпош и долгогодишен член на СДСМ.
„Нашите информации ги потврдија и од општината велејќи дека е точно дека Бужаровски, кој синоќа го пречека Црвенковски, е вработен во општинската администрација. Со ова се потврдува дека лидерот на СДСМ и кандидатите за градоначалници точно знаеле на чија врата тропаат и каква дочек им се подготвува“, пишува Нетпрес.
Од целата видео снимка од посета на Црвенковски на семејството Бужаровски на социјалните мрежи најголемо внимание привлекоа трите шишиња виски со кои беше понуден и лидерот на најголемата опозициска партија.  
Многумина коментираа дека малку е веројатно дека домаѓинот не ја очекуваал оваа (не)најавена посета, на лидерот на опозициската СДСМ. Човекот што синоќа топло и богато го пречека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и кандидатите за градоначалници на Гра

Пронајдете не на следниве мрежи: