Кој е најбогат оваа година според „Форбс“?

Бил Гејст повторно најбогат!Коосновачот на американскиот технолошки гигант „Микрософт“, Бил Гејтс, по четири години се врати на врвот од листата на најбогатите луѓе на планетата според изборот на магазинот „Форбс“, со богатство проценето на 76 милијарди американски долари, според ажурираниот рејтинг, односно се зголемило за 9 милијaрди долари за една година.
Минатата 2013 година, според истиот избор на „Форбс“, најбогат човек во светот беше мексиканскиот медиумски магнат од либанско потекло Карлос Слим, но во 2014 година се „повлече8221; на второто место со богатство проценето на 72 милијарди долари. На Третото место, како и пред една година, е главниот сопственик на компанијата „Индитекс“, сопственик на познатите брендови како „Зара“ итн, Шпанецот Амансио Ортега, чие богатство изнесува 64 милијарди долари.
Познатиот во светот на финансиите Ворен Бафет, исто така, остана на четвртото место со 58,2 милијарди долари, додека зад него е основачот и извршниот директор на „Оракл“, Лари Елисон со 489 милијарди долари.
Забележливо е што повеќето од најбогатите луѓе во светот минатата година успеале да го зголемат своето богатство. Најмногу од сите своето богатство за овој период го зголемил основачот на најголемата социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг чие богатство за една година се зголемило за 15,2 милијарди долари и со вкупно 28,5 милијарди долари го зазема 21-то место на листата на „Форбс“.Бројот на милијардери, изразено во американски долари, во светот минатата година достигнал 1.645 лица, а нивното вкупно богатство изнесува 6,4 трилиони долари.Коосновачот на американскиот технолошки гигант „Микрософт“, Бил Гејтс, по четири години се врати на врвот од листата на најбогатите луѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: