Кој е всушност Гај Фокс?

Од своето појавување во 2005 филмот V for Vendetta, правен според истоимената графичка новела на Алан Мур, полека, но сигурно доби култен статус пред сè кај помладата публика.Она што сигурно прво ви паѓа на памет во врска со овој филм е маската што ја носи главниот лик V, направена според лицето на англискиот револуционер Гај Фокс. Оттогаш оваа маска стана неизбежен декор на голем број демонстрации и своевиден симбол на луѓето што го креваат гласот против неправдата, и во поддршка на слободата на говор или човечките права.Покрај тоа што стана заштитен знак на хакерската група Anonymous, Гај Фокс маската можеше да се види насекаде низ светот каде што некој изразува револт кон нешто. Од Арапската пролет, преку протестите низ државите на ЕУ, па сè до плоштадот Таксим во Истанбул. Но дали знаете кој е всушност Гај Фокс?
Од време на владеењето на Хенри VIII Англија била целосно поделена меѓу католиците и  протестантите, со тоа што двете фракции биле во постојана битка за преземање на тронот. Работите за католиците посебно се влошиле по крунисувањето на Џејмс I во 1603 година, кога започнал голем прогон на католиците.
Иако роден Англичанец, Фокс на почетокот на 17-тиот век поминал неколку години борејќи се за Шпанија низ Холандија, а учествувал и на нападот на Кале. Шпанија, долгогодишен ривал на Англија, често била посочувана како главен поддржувач на англиските католици. Низ годините на служба, Фокс стекнал репутација на храбар и обучен војник, посебно поради неговите големи способности со муницијата.
Ваквата репутација и неговите прокатолички активности го привлекле вниманието на Томас Винтур, кој бил човекот кој го поканил Фокс во кругот на луѓе кои стоеле зад акцијата наречена The Gunpowder Plot. Целта на акцијата била да се дигне во воздух зградата на Парламентот и да се убие Џејмс I, како протест кон протестантската власт.
Петте основачи на групата (која подоцна броела 13 члена), меѓу кои и Фокс, се сретнале првпат во 1604 за да го разработат планот. Во март 1605 тие ископале визба под Парламентот во која започнале да полнат 36 буриња со барут. Гај Фокс бил задолжен за ваквото полнење, како и за одржувањето на барутот свеж се до наредната седница на Парламентот. Но во октомври гласини за заговорот се рашириле, веројатно од членови на самата група, и покрај тоа штоцелосниот план сеуште не бил разоткриен.
Повеќе на think.mk
 Она што сигурно прво ви паѓа на памет во врска со овој филм е маската што ја носи главниот лик V, направена споре

Пронајдете не на следниве мрежи: