Кој го критикуваше пречекот на Јохан Тарчуловски во Македонија?

Саше Ивановски или познат како Саше Политико, во своја колумна го критикуваше пречекот на Јохан Тарчуловски кој вчера пристигна во неговата родна земја Македонија.Тој во колумна со наслов „Пречекот на Јохан славење на девизата ’Мртов шиптар, добар шиптар’“ тврди дека владејачката партија и ископала гроб на Македонија, па сега прашање на време е кога ќе ја закопаат. За него срамно и одвратно било да се направат фешти за еден осуден убиец на цивили со албанска етничка припадност, како што посочува Ивановски.За многумина Македонци кои вчера и на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на плоштадот „Македонија“ го пречекаа Јохан Тарчуловски, тој претставува македонски херој кој се борел за својата држава во времето кога таа го повикала на должност, ја бранел со својата крв, ризикувајќи го својот живот, за подоцна да биде осуден за нешто што постои сомнеж дека го сторил но нема цврсти докази. Тарчуловски си го одлежа своето, па затоа македонскиот народ го пречека со празнување и славје како вистински херој, но тоа за Саше Политико било срамно. Тој ја критикуваше функцијата политичар во нашата земја:„Да си политичар во држава како нашата е многу одговорна работа, таа бара внимателен однос и пристап кон меѓуетничката приказна… Со ова поведение на талибанциве, оваа држава се поткопува и се минира и сега ние сме како лошо менаџиран руски нуклеарен реактор и прашање на време е кога ќе отиде сé у пичку мајчину, кога ќе почнат да летаат графитни греди и нуклеарен отпад на сите страни…Колку само расипано, неодговорно, злобно, одвратно политичарче е пастирот… Своите глупости, своите грешки, својата некадарност и корумпираност да се обидуваш да ги измиеш и прикриеш со национализам од Шешељов тип во држава во која речиси секој месец имаме вести за повредени па и убиени Македонци или Албанци, е тоа е злобно до јаја пријатели мои, до коска… Јавно го обвинувам еве пред време премиерот ЗА СИТЕ ИДНИ ПОВРЕДЕНИ ИЛИ ПАК УБИЕНИ Македонци како реакција на ова пропагирање на девизата “мртов шиптар, добар шиптар” на што всушност и се сведува овој срамен пречек на Јохан Тарчуловски, а што сигурно ќе предизвика многу гнев и набој кај Албанците…“, пишува Саше Ивановски во својата колумна.Останува да видиме какви реакции ќе има неговата колумна врз оние кои го поддржуваат името и делото на Јохан Тарчуловски кои за бранење на својата земја одлежа осум години затвор во Хаг.Саше Ивановски или познат како Саше Политико, во своја колумна го критикуваше пречекот на Јохан Тарчуловски кој вчера

Пронајдете не на следниве мрежи: