Кој го напиша графитот: „Лела, мандарините поскапеа, а ти уште си ми скарана!“

Легендарниот скопски графит: „ Лела, мандарините поскапеа, а  ти си ми уште скарана!“ стои на една зграда кај основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“ во скопската населба Центар. Графит кој е урбана скопска приказна и речиси и да нема некој во Скопје кој не го видел или барем не слушнал  за него.Поминаа години, мандарините поскапеа многу пати, а графитот си стои на  истото место и сѐ уште создава љубопитство и мистерија – Која е Лела, со кого се скарала и зошто?
Кружеа многу верзии, а најверојатна изгледаше онаа дека графитот го напишал некој дечко на кого Лела му раскинала.
Но… приказната е сосема друга. Главните ликови се Лела – симпатичната девојка која живее во зградата каде е напишан графитот и Вале и Пепи – другари на Лела. Вале и Лела се скаруваат и тогаш  Пепи  го пишува графитот: „Лела, мандарините поскапеа, а ти уште си ми скарана!“ во име на Вале, со цел да ги смири. И… успеал! Лела и Вале сè уште се другарки. Лела сè уште живее во истата зграда, а графитот  си стои како сведок за едно време и една приказна.Поминаа години, мандарините поскапеа многу пати, а графитот си стои на  истото место и сѐ уште создава љубопитство и мистерија – Која е Лела,

Пронајдете не на следниве мрежи: