Кој има најдобар интернет на светот?!

Градот со најстабилна и најбрза интернет мрежа е Сеул, тоа е најголемиот и главен град на Јужна Кореа. Жално е што во листата на градови со најдобаринтернет не спаѓа ниту еден град од Балканот.
Листата е напрвена според најновите истражувања на британската компанија UBM која тестирала градски управи по прашање покриеност на градскиот простор со интернет и квалитет на мрежата. Според ова истражување градот со најдобра покриеност и квалитет на интернет е градот Сеул додека на Балканот не постои град со добра покриеност. Според изворот, првите десет градови се: Хонг Конг, Токио, Праг, Амстердам, Монтреал, Сиетл, Женева, Стокхолм и Беч.
Беч е главен град на Австрија и се наоѓа во единствените десет градови во светот со најдобра покриеност и најквалитетна интернет мрежа. Според IBM, граѓаните на Беч имаат мноуг подобра интернет мрежа дури и од граѓаните на Њујорк. Во моментот најдобра интернет мрежа во Европа изнесува 30 мегабити во секунда, а до 2020 година Австрија ветува дека во оваа земја интернетот ќе биде брз цели 100 мегабити во секунда.

Според истражувањето на угледанта компанија Аками, брзината на интернет во Македонија е 3,3 Mbps (со оваа брзина може да се симне филм од 700MB за 3,5 минути или поточно 212 секунди). И тоа Македонија има најбрз интернет, па по нас се Хрватите со 3,24 mbps, Албанија со 2,8 mbps, Србија со 2,39 mbps и Босна со 1,97 mbps.
Патем, дали знаевте дека Куманово беше едиснтвениот град во Македонија кој имаше бесплатен интернет во 50% од централното градско подрачје? Тоа беше пред две години, имаше општински ваерлес (со 1 mbps) на плоштадот и околу него, како и на познатиот кеј кој зафаќа половина од должината на градското подрачје. Иако ветуваа дека во иднина ќе се пушти општински ваерлес и во паркови и конечно ќе се покрие 100% од градот, тоа беше лага и за една година го укинаа и општинскиот. Наместо да напредуваме, ние пропаѓаме.
Извор: Think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: