Кој кандидат од Македонија има најголем X-Factor?!

Даниел Кајмакоски од Виена (по потекло од Струга), Лена Заткоска од Скопје (пред две години дојдена од Мелбурн), Марија Ичкова од Богданци, Фифи, Мања Софрониевска, Ангела Митева од Скопје, Мартинијан Кириловски од Куманово, како Иван и Кико Раденов од Гевгелија се Македонците кои одат понатаму во реалното музичко шоу Икс фактор и ќе се борат да се најдат меѓу 24 најдобри кандидати кои ќе продолжат со натпреварувањето во следната фаза.Судиите Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ, кои во следната фаза на најпопуларното пејачко шоу стануваат ментори, ќе имаат тешка задача од многуте кандидати да го направат потесниот избор. Со емисијата Икс фактор специјал, која се емитуваше на телевизија Сител, заврши првата фаза, а беа прикажани најинтересните аудиции, додека пак преку социјалните мрежи публиката има можност да го каже своето мислење, односно кој ментор би требало да го добие кој кандидат. Веќе од следната недела шоуто влегува во нова фаза – работен камп. Натпреварувачите во работниот камп” ќе вежбаат за уште еден настап пред жирито, но овој пат ќе се претстават пред строгото Икс фактор жири со зададена песна.

 

24 кандидати кои имаат Икс фактор ќе продлжат во следната фаза на натпреварувањето и ќе бидат поделени во групи и тоа момчиња до 27 години, девојки до 27 години, вокални групи и постари од 27 години, а секој член од жирито ќе добие своја група на натпреварувачи на кои ќе им биде ментор до крајот на серијалот. Епизодата “работен камп” е на програмата на телевизија Сител следниот вторник во 21.15 часот.
Музичкото шоу Икс фактор, кое е глобален феномен и привлече милиони обожаватели насекаде, се емитува во 47 земји, а годинава за прв пат се случува во регионот, а освен нашите кандидати, дел од шоуто се натпреварувачите и од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 

Преку ова музичко шоу светска слава постигнаа имиња како Уан дајрекшн, Леона Луис, Џејмс Артур, а до сега судии биле некои од најпознатите светски музички ѕвезди како Бритни Спирс, Никол Шерцингер, Шерил Кол, Пола Абдул…Судиите Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ, кои во следната фаза на најпопуларното пејачко шоу стануваат ментори, ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: