Кој ќе одговара за незаконскиот политички спектакл во режија на СЈО?

Loading...

Предистражните и истражните постапки во целиот свет, како и во Македонија, се тајни, освен за новинарските миленици на СЈО, кои дознаваат точно кога и во кое време некој ќе биде повикан во ова обвинителство.Изминатиов период бевме сведоци, дека само опозициски новинари беа пред вратите на СЈО знаејќи точно кога и кој ќе излезе од вратите на оваа институција. Се поставува прашањето од каде им се на нив информации за тоа кој и во кое време е повикан во СЈО, со оглед на тоа што овие информации се строго доверливи.

Кој им ги дава и дали некој ќе одговара за незаконскиот протек на овие тајни информации?
На 18.08 2016 година, Гордана Дувњак со својот текст во Утрински напиша:
„Неделава по вторпат за два различни предмети (Скопје 2014 и демолирањето на Оштина Центар) дојде градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Во придружба на адвокатот Никола Додевски, пред два дена се појави ексминистерката Гордана Јанкуловска, а пред неа, и шефот на кабинет на поранешниот прв човек на УБК, Тони Јакимовски. Вчера требаше да се појават ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната градоначалничка на Центар,Виолета Аларова. Во почетокот на наредната недела, како што дознаваме, се очекува да се одзват на поканите и поранешната пратеничка и актуелен член на ДИК, Силвана Бонева, пратеникот од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи.“
Останува непознато од каде Дувњак знае кој бил и кој ќе биде следен на распит во СЈО и кој е изворот на оваа информација?
За да биде иронијата уште поголема, вчера Катица Јанева во изјава за 24 вести само потврди дека целиот политички спектакл и политички линч се незаконски:
„Во интерес на истрагите, тајна ќе остане кои функционери во кои денови и за кои предмети ќе се појават на распит во СЈО, но тоа и натаму ќе се одвива со зголемена фреквентност, потврдуваат од обвинителството на Катица Јанева за 24 Вести.
Посочуваат дека поради тајноста на предистражните постапки, имиња и датуми нема да се појавуваат. Изминативе десетина дена повеќемина сегашни и поранешни функционери седнаа пред истражителските клупи.“
Ние неколку пати побаравме одговор од Катица Јанева за тоа дали некој ќе одговара за протекот на тајните информации, како и дали некој од ова обвинителство ги дава овие информации или пак можеби некој од истражителите кои ги доставуваат поканите.
Одговор не добивме.
Со ова уште еднаш се покажува дека СЈО прави медиумски спектакл за политички линч со помош на опозициските новинари на СДСМ и Сорос. Но, дали опозициските новинари ќе бидат повикани на одговорност за политичкиот линч кој го вршат со ова обвинителство?
Ние стапивме во контакт со дел од лицата, кои образложија дека од нивна страна ниту се испраќале покани до медиуми, ниту пак биле известувани новинари.
По ова, сликата е јасна: СЈО по нарачка на Зоран Заев спроведуваат медиумски спектакл, со цел да бидат оцрнети неговите политички опонети, луѓето од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тајноста на предистражната и на истражната постапка што е законски утврдена и заштитена е непозната категорија за СЈО. Испитувањата на фактите што одат во полза на обвинетиот за СЈО е право на обвинетиот да ја докажува сопствената невиност. За СЈО докажување на невиност и доставување докази што одат во полза на обвинетиот е иста работа. Иако невиноста е уставно загарантирана и заштитена се додека не се утврди вината на човекот со правосилна судска пресуда, за СЈО постои обратна претпоставка од онаа во Уставот. Според СЈО, секој човек за кој тие одлучиле да започнат предмет се смета за виновен, кој, по сила на СЈО, треба да ја докажува својата невиност, И тоа не пред суд, туку само пред СЈО.
Каде е тука принципот на почитување на тајноста на истражната постапка ако сите опозициски новинари и политичари неколку дена или недели претходно ги знаат чекорите што тие ќе ги преземат?
За специјалните обвинители е нормално Жерновски, Заев, опозициските новинари, да и кажуваат на јавноста кои се следните дејствија што СЈО ќе ги направи. Наместо да се сконцентрираат на своите вистински обврски и да започнат да истражуваат предмети за кои постојат сериозни докази, СЈО раскажува медиумски приказни. Во недостаток на предмети за кои има докази, СЈО продолжува да „креира“ докази преку изнудување признанија и изјави од сведоци. Впрочем, јавноста е запознаена со поднесените кривични пријави против неколку специјални обвинители за кои постојат основани сомневања дека ја злоупотребиле службената должност и незаконски се однесувале кон многу лица.Изминатиов период бевме сведоци, дека само опозициски новинари беа пред вратите на СЈО знаејќи точно кога и кој ќе излезе од вратите на оваа инстит

loading...