Кој сака да го замолчи Бранко Героски?!

Можеби чудно, но вистиното. Овие денови во своја колумна Бранко Героски, уредник на интернет порталот Плус Инфо, се пожали дека одредени кругови во опозицијата почнале да му замеруваат за неговите ставови.Чудно за Героски, но тој самиот признава дека одлучил да замолчи. Еве што точно Героски пишува:
“Кога се обидов да полемизирам со тие тези, ми беше замерено дека водам некаква битка од суетни, или не знам какви причини, дека безмалку јас сум сакал да се наметнам во битката на позицијата „македонски Алистер Кембел“. Работата доби непријатни и ступидни димензии, па решив да замолчам”.
Да бидеме прецизни, Героски јавно се пожалил за замерки од опозицијата, за битка на суети, за борба на примат во редот на блиските до опозицијата и дека замерките биле непријатни. Најзначајно, решил да замолчи.
Героски важи за близок по своите ставови до опозицијата, но уште повеќе за храбар новинар кој никогаш не се воздржувал да влезе во фронтални конфликит за да ги брани своите ставови. Овој пат не е така. Овој пат прифатил да замолчи.
За жал Геровски пропушта да каже од каде доаѓале сите тие непријатни замерки. Но, за да целата приказна добие сериозни димензии овој пат се погрижи друг новинар, исто така близок до опозицијата, но со далеку посериозни позиции и врски кои допираат до раководниот двоец Заев и Шеќеринска, Саше Ивановски, уредник на интернет порталот Мактел, а попознат во јавноста како Саше Политико.
-Тој на свој начин влегува во оваа сторија, со директен одговор кон Героски. Неговиот текст ја има следната содржина:

 
“По жестоката заушка која Геро ја доби по тиквата за спектакуларно глупата колумна во која го повикува СДСМ да се истрчал со гол газ во трњето, за која реагирав и јас и по стоти пат се обидов да го разубедам очигледно политичко-новинарскиот копук да увиди колку му се спектакуларни имбецилни тезите, Геро пак не му иде памет и во патетичен дури сешен понизен засрамен статус на FB каде цвили како мало покакано дете што бил искаран од Милчин, пак продолжува да паламуди како СДСМ ќе морал кај да е у блиска иднина да излезе сам со предлог за смена на името за да ги придобиел странците на своја страна”.
Ова не е прв пат Саше Политико да го прозива Героски и на најжесток начин да ги критикува колумните и написите кои излегуваат на Плус инфо. За разлика од пред тоа сега во меѓусебната војна се замешува и Владимир Милчин кој исто така преку својата колумна го критикува Героски.
Иако Саше Политико јавно кажа дека неговиот портал е финансиран од Сорос и дека работи во интерес на опозицијата, односно СДСМ, тој во неколку наврати нападна и други портали кои се сметаат за блиски на СДСМ. Дали само се бори или веќе ја има добиено позицијата на координатор на порталите блиски до СДСМ не знаеме, но со оглед на силата која ја добива од Милчин, а и од врвот на СДСМ слободно можеме да укажеме дека Саше Политико станува сериозен презентер на ставовите на опозицијата.
Колку за потсетување, отворен конфликт со Саше Политико веќе има и Борјан Јовановски од интернет порталот Нова ТВ. За да биде дебатата сериозна и за да нема дилеми, очекуваме овие денови да дознаеме кој сака да го замолчи Героски. Дали е Милчин, Саше Политико или директно врвот на СДСМ?
Извор: КурирЧудно за Героски, но тој самиот признава дека одлучил да замолчи. Еве што точно Героски пишува:

Пронајдете не на следниве мрежи: