Која е најголема заводничка во хороскопот : Рибите нежни, Лавиците доминантни

Дознајте на кој знак ѕвездите им подариле прави заводнички моќи, а кој мора да се труди многу повеќе
 Овен
Дамите родени во овој знак се огнени освојувачки кои сакаат да бидат во центарот на случувањата. Тоа обично го постигнуваат со изборот на гардеробата , меѓутоа нивната облека е само додаток кој ја покажува силата на нивната личност. Обично имаат занимливо и впечатливо лице, непосредни се, стравствени во комуникацијата. 
Бик
Жените родени во овој знак се вешти заводници. Го менуваат својот пристап од невини девојки од соседството до женствени ,,fam fatal” Девојките и жени Бикови се убаво физички градени и се свесни за таа моќ, и свесно ја користат во нивна корист. Еротски се настроени и не се плашат тоа да го покажат. Често во текот на комуникацијата го допираат својот соговорник, се разбира во границите на пристојноста. 
Близнаци
Жените Близнаци се вечни деца. Припадничките на овој знак се бескрано шармантни, брзо размислуваат, зборлести се и комуникативни. Сакаат транформации и со својот заводнички пристап ја менуваат целта зависно од типот на мажот. 
Рак
Жените Ракови, како и сите претставници на овој знак, се нежни и осетливи.Обично имаат облини, го сакаат семејниот живот и мажите ги сметаат за партнерки за долги врски. Многу се женствени и тоа го покажуваат со изборот на партнери, тие бират партнери кои се кавалери и кои сакаат да им задоволат женските потреби.

 
Лав
Лавиците се доминантни, спремни и слично како и кај сите огнени знаци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Своите маани секогаш успеваат да ги превртат во нивна предност и тоа да го искористат за да освојат некој маж. На почетокот обично не настапуваат нападно, но се многу добри тактичари.
Девица
Девиците имаат скриена сексуалност. Како што се педантни и организирани во секојдневниот живот, такви се и во игрите на заведување. Обично се прикажуваат како фини девојки, смирени и со романтичен стил на облекување, но под сето тоа се крие заводничка која знае што сака.
Вага
Вагата има одлични заводнички методи и доста поминуваат со нивниот физички изглед. Вагите не се облекуваат премногу упадливо и нападно, но меѓутоа се што носат е одбрано со големо внимание. Мажите тешко можат да одолеат на нивната перфекција.
Скорпија
Жентите родени во овој знак се опасни заводнички. Имаат необјаслив шарм, природни се и обично имаат зарипнат, сензуален глас. Тие знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат играат топло-ладно, па знаат партнерот буквално да му го заматат разумот.Овен
Дамите родени во овој знак се огнени освојувачки кои сакаат да бидат во центарот на случувањата. Тоа обично го постиг

Пронајдете не на следниве мрежи: