среда, 11 ноември 2026
Најново

Која е причината за смртта на Војо Стојановски?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Војо Стојановски е погребан вчера во родното село Букојчани, Кичевско. Македонската фолк легенда,почина завчера во Скопје по кусо боледување на 65 годишна возраст.Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува Вест.
Дел од блиските колеги на Војо жалат што не успеале да се поздрават со него за последен пат.
– Доцна ми јавија за жалната вест, а јас во моментов не сум во Скопје и жалам што не успеав да заминам во Букојчани на погреб, изјавил вчера за „Вест“ Наум Петрески и додаде: Тој беше еден многу специфичен човек, редок човек, голем другар. Иако знаевме дека е болен сите не затече веста за неговата смрт. Секогаш се дружевме зад фестивалската сцена и по фестивалите. Кога ќе се сретневме приватно никогаш не зборувавме за музика.Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги оста

Поврзани вести