Која фотографија има најмногу лајкови на Фејсбук?

Се прашувате која фотографија има најмногу лајкови на социјалната мрежа Фејсбук? 
Верувале или не, тоа е фотографијата на американскиот претседател Барак Обама кој ја прегрнува својата сопруга, полн со љубов и страст. Фотографијата е поставена на неговиот Фејсбук профил во 11:15 часот, за по еден час да достигне повеќе од 3.2 милиони лајкови и да ја добие титулата на најлакувана фотографија на Фејсбук од постоењето на оваа социјална мрежа. 
Во меѓувреме, истата фотографија била поставена и на неговиот Твитер профил, па истата била најтвитувана фотографија на сите времиња, која го поминала Џастин Бибер кој до тогаш бил еден од најтвитуваните личности на оваа социјална мрежа. 
Според последните статистички податоци на Твитер, фотографијата на Обама била твитувана повеќе од 600 илјади пати, од корисниците ширум светот. 
Ова покажува колкава е моќта на социјалните мрежи во денешно време, која допрва ќе расте и ќе се развива. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Се прашувате која фотографија има најмногу лајкови на социјалната мрежа Фејсбук? 

Пронајдете не на следниве мрежи: