Која ќе биде финалната имитација на Елена Ристеска во ТЛЗП

Елена, Катарина, Јелена, Оки и Бане се петорицата натпреварувачи кои изборија пласман во финалето на шоуто „Твоето лице звучи познато“.Во недела, не очекува многу забава која ќе ни ја приреди феноменалната петорка, која деновиве вредно ги подготвува кореографиите кои ќе ги изведат во финалето.
Оној кој ќе освои најмногу гласови од публиката, ќе освои и 25.000 евра кои ќе ги проследи во хуманитарни цели.
А еве ги финалните имитаци.
Јелена и овој пат ќе има интересен предизвик – Мајли Сајрус и познатиот хит „Wrecking ball“. Згодната актерка целосно ќе го пренесе на сцена атрактивниот спот на контроверзната музичка ѕвезда.
Бане ќе се најде во улогата на Мајкл Џексон, изведувајќи ја песната „Earth song“.
Оки ќе ги имитира Забрањено пушење и песната „Жени нам се Вукота“.
Катарина ќе стане принцеза и на сцената ќе ја изведе преубавата песна од бајлката „Пепечашка“.
Нашата Елена Ристеска ќе ја имитира Бијонсе и ќе ја изведе песната „End of time“.
Покрај имитациите на финалистите, не очекува и многу забава за која ќе се погружат останатите натпреварувачи во ревијалниот дел од емисијата.
Публиката ќе го даде конечниот суд за тоа кој ќе биде победник во втората сезона на ТЛЗБ. Тоа ќе зависи исклучиво од гласовите на гледачите.Во недела, не очекува многу забава која ќе ни ја приреди феноменалната петорка, која деновиве вредно ги подготвува кореографиите кои ќе ги изведат

Пронајдете не на следниве мрежи: