Која раса на куче најмногу ви одговара според вашиот хороскопски знак?

Знаете ли која раса на куче карактерно најдобро одговара на вашиот хоросопски знак? Во продолжение проверете со кој вид куче најдобро би се сложувале:Овен: Германски овчар
Силен, одважен и неколеблив: Овенот се смета за најсилниот од сите занци на зодијакот, а истото значи за ова паметно, послушно и интуитивно куче. Ви гарантираме дека ќе се согласувате како вино и вода.
Бик: Сибирска хаска
Сигурно дека барате куче кое е силно и енергично, кое совршено би се вклопило во вашиот активен стил на живот. Која е подобра раса за тоа од хаските, која е во род со кучињата кои влечат санки на Арктикот? Токму како вас, тие не попуштаат под притисок, но се екстремно сочувтвителни и внимателни.
Близнаци: Вајмарски птичар
Вам ви треба куче кое ќе може да го прати вашето брзо темпо на живот. Овие ловечки кучиња не се  само брзи, туку и екстремно интелегентни и друштвени. Ќе си ги читате мислите цело време!
Рак: Чиуауа
Храбри Ракови, вашето идеално друштво е креативно и спонтано, токму како вас. А како Чиуауа се познати по својата ексцентричност и храброст, нема подобра комбинација за вас. Ова мало чудо од љубов, ќе биде ваш најдобар пријател и апсолотно за секогаш.
Лав: Златен ретривир
Драги Лавови, покрај вас сите се чувствуваат добро, токму како и покрај ова весело и доброчудно куче. Златниот ретривер е верен, енергичен и буквално, секогаш среќен – три квалитети кои ги цените над се.
Девица : Шиба Ину
Знак кој се смета за најинтелегентен во целиот зодиајак, не бара било какво милениче. Овие јапонски ловечки кучиња се познати по својата независност, самостојност и интелигенција. Топ три зборови со кои можеме да ја опишеме Девицата
Вага: Австралијски овчар
Вие ја цените рамнотежата во сите работи, а оваа раса подеднакво е забавна и сериозна. Било да си играте жмурки или едноставно сакате мазење на каучот, овој овчар е полн со љубов и секогаш ќе биде тука за вас кога ќе ви затреба.
Шкорпија: Лабрадор
Токми како вас, Лабрадорот ја цени верноста над се. Овие кучиња се добри по природа и познати по создавање на длабоки врски, како доживотно пријателство со своите сопственици. Иако не сакате да ги покажувате емоциите, оваа раса ќе се прилагоди на секое расположение во кое ќе се најдете и ќе ве изненади со грациозен бакнеж, тогаш кога најмногу ќе ви затреба.
Стрелец: Бигл
Барате сопатник за вашата следна авантура? Бигл секогаш го има муцето на подот затоа што е во потрага за интересни мириси, токму како вас, и со нетрпиене го исчекува следниот предизвик. На вас и кучето, никогаш нема да ви недостасуваат работи за истражување. Држете го бигл секогаш блиску до вас, тој ќе го превземе водството ако некогаш се изгуботе на патот.
Јарец: Чоу Чоу
Отмен и достоинствен, Chow Chow често се смета за  резервиран  повлечен. Но тоа вам нема да ви пречи, затоа што ни вие не сте тип кој носи “срце на ракавот”. Вашиот круг на пријатели е мал, но кога еднаш кога ќе го запознаете ова поносно куче, сигурно ќе направите место за уште едно.
Водолија: Западношкотски теријер
Зборот досада не постои во вашиот речник, вам ви треба подеднакво живо куче, покрај вас. Западношкотскиот теријер има забавен карактер и обожува да биде надвор, нему му треба сопственик кој е секогаш расположен за игра, токму како вас. Вам ви треба ова милениче кое ви го исполнува денот со возбуди.
Риби: Француски булдог
Вие сте полни со изненадувања драги Риби, а истото важи и за ова преслатко куче. Неговиот мал раст го краси голема посебност. Исто како вас, одлично се адаптира и ги чувствува емоциите, постојано се труди сите околу него да бидат секогаш весели и насмеани.Овен: Германски овчар
Силен, одважен и неколеблив: Овенот се смета за најсилниот од сите занци на зодијакот, а истото знач

Пронајдете не на следниве мрежи: