Коледарски песни кои се пеат во Македонија

Коледарски народни песни Ха, Ха, КоледеХа! Ха! Коледе!Коледица, Варварица,Сива, сива Голубицакај си ошла прошетала?Сум си ошла покрај море.Што имаше, што немаше?Та имаше бели чаши,бели чаши и канати.Да сʼнапие бели Божи.Божик ми е на небеса.Ха! Ха! Коледе!Пири, пирииспириге Грците.Запишал Јордан Х. Константинов, „Цариградски вестник“, 1859 г.
Олеле дедеОлеле деде!Паднало греде,отепало деде.Дедо се влечи,баба го плачи,и си го теши:-Молчи ми старче,кусо магарче,подај ми праче,да отепам врапче,да не ти к’лвнаттвојте гурелки.Подај ми камче,да утепам петле,да не ти к’лвни,твоите мрсулки.Од Прилеп. Запис на Марко Цепенков.
Коледе, КоледеКоледе, Коледе,Се замучи Божја мајка,од Игната до Божиќа.па си роди млада Бога,млада Бога, Божиќа.Коледе….Од Скопско, запис на Вера Кличкова.
Утре вечер Бадник вечерУтре вечер, Бадник вечер,бодни коња на пазаракјупи риба, јогула,дојди дома да ја вариш.Сркни риба – убоцај де,пи си вино – весели се.Од Дербарско, запис на Васил Икономов.
Коледица БарбарицаКоледица, барбарица,сива, сива голубица,долетала од планина,и донесла убавина.
Коледари, кумашариМ’ри моме – Коледе,не криј очи,з’д мајка ти,з’д татку ти!Ние не смеогледници,сугледници;туку сме сикуледаре,кумашаре.В’в полицамалку лебец,дај го на мен,да го туримв’в торбица.Од с. Гајтаниново, Неврокопско, од збирката на А. Илиев.
Идит БожикИд’т Божик.носит ноже,да колиме теле,теле велит: – леле,не коли ме мене,коли го зајка!Зајчина дечина,подебели мечина.Ха, Ха, КоледеХа! Ха! Коледе!Коледица, Варварица,Сива, сива Голубицакај си ошла прошетала?Сум си ошла покрај море.

Пронајдете не на следниве мрежи: