Колку чинат сите апликации во App Store?

Сте се запрашале ли колку би ве чинело да ги купите сите платени апликации на популарниот App Store? Да разгледаме неколку бројки…Вкупно постојат над 760,000 апликации, што е огромен раст на App Store од лансирањето во 2008-ма година со само 50,000 апликации. Во тоа време, просечниот iPhone имаше 10 инсталирани апликации, а сега таа бројка е импресивни 80 апликации.
Според пресметките, ќе треба да платите 1,13 милиони долари за да ја купите секоја апликација за мобилниот оперативен систем iOS. Најскапите апликации во просек се оние за бизнис и медицина, со просечна цена од 11,28 и 11,39 долари. Игрите имаат најниска просечна цена со само 1,69 долари, но ова не ги вклучува купувањата кои може да се направат in-game.
Повеќе на: GSM.mkВкупно постојат над 760,000 апликации, што е огромен раст на App Store од лансирањето во 2008-ма година со само 50,000

Пронајдете не на следниве мрежи: