Колку чини одморот на Црвенковски на Флорида?

Бранко Црвенковски замина на одмор на Флорида. Човекот кој ги убедуваше членовите на СДСМ  да издржат во борбата за освојување на власта, да бидат на самиот браник и дека во Македонија лошо се живее, сега одмора на песочните плажи на Флорида.
Пресметката колку би чинело едно вакво патување укажуваат на тоа дека едно просечно македонско семејство не може ни да помисли да отпатува на одмор во Флорида, која е  една од најатрактивните, но и најскапи туристички дестинации.
Флорида не е стандардна понуда на туристичките агенции во Македонија, пред се поради скапите цени за патување и престој на оваа дестинација. Од агенциите кои ги контактиравме не' информираа дека Флорида како туристичка дестинација може да се букира единствено како посебен туристички аранжман, по желба на самиот клиент што дополнително ги зголемува трошоците за негова реализација.
Па така, едно патување и престој до Флорида едно прочесно македонско семејство би го чинело повеќе десетици илјади долари. Само авионската карта до Флорида за летната сезона би чинела од 1.900 до 2.400 долари. Ова значи четири члено семејство би платило од 7.600 до 9.600 долари само за авионскиот превоз.
Престојот на пример во најевтината обична двокреветна соба без поглед кон океанот во Риц хотелот во Мајами Бич Флорида чини 30.000 денари. Четиричлено семејство тоа би го чинело 60. 000 денари од вечер. Ваквата математика покажува дека едно четири члено семејство за двонеделен престој во Риц Хотелот би платило 18.370 долари и тоа без да бидат вкалкулирани трошоците за храна во оваа сума.
Според информациите на луѓето кои се запознаени со патувањето на Црвенковски, тој бил сместен во станбен објект куќа, што значи дека изнајмена куќа покрај песочна плажа во Флорида најмалку двојно би ги зголемила трошоците за престој.
Вкупните трошоци на Црвенковски за неговото и сончањето на неговото семејство на Флорида би изнесувале некаде околу 45.000 долари. Ова секако не е сума која едно просечно македонско семејство со просечна македонска плата би можело да го издвои. Прашањето е од каде финансиски средства кај Црвенковски за едно вакво патување, кој добива претседателска пензија од државата која изнесува околу 80.000 денари.
Но ни овие приходи не би биле доволни Црвенковски да ги покрие трошоците за ова патување, кој поседува според анкетниот лист  стан од 61 метар квадратен во Скопје. Црвенковски беше долгогодишен премиер и претседател на Република Македонија. Тој управуваше со болната приватизација во која најголемиот дел од општествените претпријатија беа  раскрчмени, а многу луѓе останаа без работа. Малкумина во тој процес на транзиција стекнаа огромен капитал.
Останува отворено прашањето дали ова патување на сега веќе поранешниот претседател на СДСМ е покриено со парите на некој од тие бизнис моќници или се работи за капитал кој Црвенковки не го пријавил пред надлежните институции?
Извор: kurir.mkБранко Црвенковски замина на одмор на Флорида. Човекот кој ги убедуваше членовите на СДСМ  да издржат во борбата

Пронајдете не на следниве мрежи: