Колку време трае идеалната дремка за да функционирате како нови?

Во текот на денот има моменти кога ни паѓа концентрацијата и ни се намалува енергијата, па посакуваме да легнеме и малку да се одмориме односно малку да дремнеме. Но, не секоја дремка и одмор е добар за повторно да ви се врати енергијата. Експерите развија студија во која објаснуваат која е иделаната дремка за да си ја вратите енергијата, а кооја дремка може само уште повеќе да ве умори и да се чувствувате поспано. 
Доколку легнете и одморите од 10 до 20 минути ќе биде идеално за вас и вашето тело. Енергијата ќе ви се врати, а дури ќе бидете и подготвени за трчање. Помеѓу периодот од 10 до 20 минути, телото и мозокот се одмараат, но сепак мозокот е свесен и не дозволува да западнете во длабок сон од кој подоцна може потешко да се разбудите. 
Дремката од половина час односно 30 минути е добра за оние кои се чусвтвуваат повеќе уморни, но сепак не е толку добра бидејќи од 20-та до 30-та минута мозокот се опушта повеќе и може да западнете во длабок сон, па кога ќе се разбудите по 30-тата минута може да се чувствувате поспано и омалаксано. 
Спиењето или дремката од 1 час е одлична доколку претходно сте се обидувале да запомните имиња и факти бидејќи во овој час, мозокот се одмара и ги повторува односно пресликува работите кои се случиле од претходниоот час. 
Спиењето од еден ипол час или цели 90 минути, може на крај да ви се покаже како лоша идеја бидејќи често оние кои одмараат 90 минути сакаат да проложат бидејќи по тие минути мозокот преминува во онаа фаза на сладок сон. Експерите развија студија во која објаснуваат која е иделаната дремка за да си ја вратите енергијата, а кооја дремка може само уште повеќе да ве ум

Пронајдете не на следниве мрежи: