Коментарите на јавноста земени во предвид – спотот на Есма и Влатко повеќе не е достапен на Јутјуб!

Откако вчеравечер беше промовиран новиот спот на Есма и Влатко Лозановски за евровизиската песна „Империја“ по Интернет и сите социјални мрежи се појавија многу негативни коментари во врска со спотот, музиката и текстот на песната. 
Поради големата негативност од страна на македонската јавност, менаџерите одлучија привремено да го тргнат спотот од Јутјуб. Голем процент од публиката сметаат дека на песната сериозно и е потребна некаква корекција. „Немало динамика во рефренот, не им се дала можност на пејачите да ги истакнат своите богати вокални способности“, велат повеќето на социјалните мрежи.
Порталот ТВ пакет објави дека јавноста не била заинтересирана за вчерашното шоу на Македонската телевизија, а денес на социјалните мрежи се забележани фотомонтажи со ликовите на Есма и Влатко – качени на лавови. Се појавија стотина различни фотомонтажи, па можеби и затоа менаџерите одлучија спотот привремено да се оневозможи за јавноста.
Дали на повидок е уште еден евровизиски скандал, останува да видиме.
Извор. Тв пакет Откако вчеравечер беше промовиран новиот спот на Есма и Влатко Лозановски за евровизиската песна „Империја&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: