Комплетирано 6-то коло, трилер завршница во Битола

Вчера /22.11.2014 година, сабота/ беа одиграни последните два натпревари од шестото коло од Македонската кугларска лига.Во Битола се одигра вистински трилер натпревар помеѓу екипите на Хераклеа и Вардар 2014, каде индивидуално беа поделени бодовите и победникот беше решен со бројот на соборени дрва. Така, гостинската екипа на Вардар 2014 со само 6 соборени дрва повеќе успеа да се врати со полн плен од Битола. Завршен резултат Хераклеа-Вардар – 2014 3:5, резултат на вкупно соборени дрва 3087 наспроти 3093. 
Во вториот натпревар одигран во кугланата “Мусандра”, екипата на ГТЦ ја совлада екипата на Македонија со резултат 7:1, со резултат на вкупнособорени дрва 3238 наспроти 2928.
Претходно, екипите на 18 Август АДИНГ и Работнички одиграа нерешено 4:4, со вкупен резултат на соборени дрва 3254 наспроти 3253, додека Макпетрол ја победи екипата на Империјал Тобако со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва 3369 наспроти 2972.
Со комплетирањето на шестото коло ја добиваме следната состојба на бодовната табела:
Во Битола се одигра вистински трилер натпревар помеѓу екипите на Хераклеа и Вардар 2014, каде индивидуално беа поделени бодовите и победникот&

Пронајдете не на следниве мрежи: