Кому му пречат православните гробишта во Љуботен

Повеќе од 30 гробови беа осквернавени синоќа на православните гробишта во Љуботен. Гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата Св. Никола во с. Љуботен, која е заштитена под Министерството за Култура како културно наследство.-Почитувани Бутелчани. Денеска е направена голема штета, направено е дело кое ветува се само не соживот, само не живот!, напиша на својот ФБ профил првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од општина Бутел Дарко Костовски.
-Одредена група кукавички влегла во атарот на една од најстарите цркви во овие простори св.Никола во с.Љуботен (КОЈА Е ЗАШТИТЕНА КАКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО),буквално се на брутален начин искрсени православните гробишта во дворот, сквернавени на најкукавички начин! Направена е штета на свето место!!! Ова се случува втор пат, и не случајно два пати се случува во време кога владее СДС! ДОКОЛКУ НЕ СЕ ФАТАТ И ОСУДАТ ЗА НАЈКУС МОЖЕН РОК УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОВОЈ ГРОЗЕН И КУКАВИЧКИ ЦИН,ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОД ХИТНО ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА!!!, напиша Костовски.
МВР и сдсмовскиот министер Оливер Спасовски засега молчат и се кријат, не соопштивајќи никакви информации со инцидентот.
-Почитувани Бутелчани. Денеска е направена голема штета, направено е дело кое ветува се само не соживот, само не живот!, напиша на својот ФБ профил

Пронајдете не на следниве мрежи: