Концерт на гудачкиот квартет „Вива стрингс“ во Кочани

Вечерва, со почеток во 20 ч. на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје.„Вива стрингс“ е класичен камерен состав од две виолини, виола и виолончело. Неговите членови, Елена Талевска, Симон Поповски, Дубравка Зајкова и Дејан Теодосиевски се академски музичари, вработени и членови на оркестарот на Македонската филхармонија.
На концертот во Кочани ќе бидат изведени популарни музички теми од Мајкл Џексон, Мадона, Ерик Клептон, АББА, Елтон Џон, Стинг, Роби Вилијамс, Боб Марли и др. Аранжманите на композициите се специјално изработени за „Вива Стрингс“.
Концертот е содржина од втората етапа на манифестацијата „Топол културен бран“ во Кочани.
 „Вива стрингс“ е класичен камерен состав од две виолини, виола и виолончело. Неговите членови, Елена Талевска, Симон Поповски

Пронајдете не на следниве мрежи: