Концерт на Визија, Phi- Австрија и Колт во Скопје

На 24ти август (понеделник) скопските бендови Визија, Колт и австриското рок трио Phi, ќе настапат во клубот Хавана (градски парк) во Скопје со почеток во 20 часот.Бендот Phi од Австрија овој месец ја започнува нивната европска турнеја промовирајќи го нивниот нов албум “Now the Waves of Sound Remain”. Бендот има настапувано во Австрија, Гермнија, Швајцарија, Унгарија, Романија и Литванија, а ова ќе биде нивниот прв настап во Македонија. Во својот нов албум бендот кој потекнува од Баден создава звук кој е споредлив со оној на „Rush“, „Tool“ и „Porcupine Tree“.
 
Покрај Phi ќе настапи и скопскиот алтернативен рок бенд Визија, бенд кој неодамна доби одлични критки од неколку британски и американски музички критичари, а бележи настапи на познатите фестивали „Заечарска Гитаријада“, „Миксер“ (Србија), „Јелен демофест“ (БиХ), Lake Fest (Црна Гора), Rock the borders (Бугарија), „Таксират“, „Т'к – Так“, „Пиволенд“, „Рок Фест“ (Македонија)… Неодамна, британскиот музички портал „Emerging Indie Bands“ го постави бендот Визија на седмото место на нивната листа од 90 најдобри нови бендови од светот за 2014 година.
 

 
Бендот Колт е рок состав од Скопје формиран во 2014 година. Минатата година тие го изададоа нивниот прв албум „Equillibrium” составен од 11 песни. Нивниот прв настап беше во ноември 2014 година на Лузер фест, а по една недела настапија и на 30-тото издание на Рок Фест во Младинскиот Културен центар. Во февруари Колт настапи на третото издание на фестивалот „Земјотрес“ и започна со симање на нивниот втор студиски албум.
Цената за концертот изнесува 150 денари.Бендот Phi од Австрија овој месец ја започнува нивната европска турнеја промовирајќи го нивниот нов албум “Now the Waves of S

Пронајдете не на следниве мрежи: