Пеењето на свадби одлично се плаќа, но не како на погреби! Роднините на покојниот даваат дупло повеќе пари отколку сватовите. Малку е чудно на почетокот- се пее и плаче во исто време, понекогаш некој се онесвестува, но што е тука е- работата е работа, вели пејачката Душица Икониќ, инаку некогашна учесничка на ѕвездите на Пинк.Таа во неколку наврати пеела на влашки погреби во Неготинска Краина, кои се познати по тоа што, покрај лелекања, на нив се игра и пее, обилно се јадат разни специјалитети, се пие доста алкохол, а понекогаш се води и оро.
Подобро платено од свадбите
„Нив таму тоа им е потполно нормално. Кога некој ќе умре, како да се работи за свадба, се вика и оркестар. Доколку на свадба се плаќа по 500 евра за челн од оркесатрот, за пеење на погреби се плаќа од 800 до 1200 евра“, наведува пејачката.
Таа вели дека не знаела за тој обичај и дека прв пат била ангажирана потполно случајно бидејќи „во вистински момент“ се нашла таму.
„Кога ме прашаа да пејам на погреб, бев шокирана. Три пати ги прашав да повторат. Но, на крај се согласив“, додава Душица, која станала позната по своето учество во емисијата „Ѕвездите на Пинк“.
Таа вели дека пеела на 4- 5 погреби
„Музичарите најчесто се позиционираат во куќата или дворот и свират додека се собираат ожалостените. Семејството ги нарачува омилените песни на покојниот, па така пеев разни песни. Атмосферата е таква што човекот може да заборави дека е на погреб. Тоа така трае три до четири часа и се завршува кога поворката ќе појде на погреб.
Етнолозите велат дека обичајот има корени уште во прастаро доба, кога народите при погреб го практикувале таканаречениот магиска насмевка:
Магијска насмевка:
Се смееле за да му обезбедат на покојникот виталност која му е потребна за полесно да мине во другиот свет. Пеењето на погреби ја преставува истата работа, целта е да мртовците да им се обезбеди полесен премин од животот во смртта.Таа во неколку наврати пеела на влашки погреби во Неготинска Краина, кои се познати по тоа што, покрај лелекања, на нив се игра и пее,



