КОНЧИТА СЕ ОТВОРИ: Би сакала макар недела дена да поминам во друштво на Путин!

„Не би ја одбила средбата со претседателот на Русија и желба ми е да видам како изгледа да се биде Владимир Путин“, изјави Кончита Вурст, победничката на овогодинешното издание на Евровизија.„Би сакала макар недела дена да поминам во друштво на претседателот на Русија, Владимир Путин“, изјавила Кончита за австриски Курир.
„Многу би сакала да пеам во Русија, во која имам многу фанови“, рече таа и додаде дека е очигледно што голем број на Руси не се сложуваат со одлуките на својата влада која им ги скрати правата на припадниците на ЛГБТ заедницата.
„Никогаш не би одбила средба со Путин. Дури и би сакала да поминам недела дена во негово друштво, за да успеам подобро да разберам што значи да се биде Владимир Путин и да видам како успева да носи толкав товар на својот грб. Секако, тоа не значи дека јас ги одобрувам неговите дискриминациски закони. Според моето мислење, Путин најмногу бара почитување“, вели Кончита.
На новинарското прашање дали мисли дека ќе успее да ја сочува својата популарност и во 2015 година, Кончита изјави дека по тоа прашање не го чувствува притисокот на јавноста, туку само сопствениот кој ја турка да оди напред.
„Сѐ што сакам во 2015 година е да бидам среќна. Сигурно би ме растажил фактот дека веќе не сум позната, но сигурна сум дека би нашла некој друг пат кон сопствената среќа“, рече Кончита.
На крајот од интервјуто, таа нагласи дека е повеќе од среќна што голем дел од австриските медиуми ја прогласија за личност на годината.
„Многумина беа против мене и ми го свртеа грбот. Меѓутоа, сега се наоѓам во ситуација во која сите ме имаат прифатено. Голем чекор напред претставува фактот дека една брадеста жена е прогласена за најважната личност на годината во некоја земја. Убаво е да се види дека нашите права во општеството растат, но сепак сѐ уште постојат конзервативни структури кои ги оспоруваат истите права“, изјавила Кончита и додаде дека нејзината победа на Евровизија бил јасен знак за остварување на нивните права, но сепак неодоволен чекор кон либерализација на општеството.„Би сакала макар недела дена да поминам во друштво на претседателот на Русија, Владимир Путин“, изјавила Кончита за австриски Курир.

Пронајдете не на следниве мрежи: