Најновите информации ја враќаат нежета во закрепнување на поранешниот шампион во Формула 1„Со сето срце се надевам дека наскоро ќе слушнам добри вести“, рекол кон крајот на ноември претседателот на Ферари, Лука Кордеро ди Монтекемоло, по посетата на Михаел Шумахер.
Желбата изгледа му се исполни!
Закрепнувањето не некогашниот шампион на Формула 1, кој пред две години доживеа стравична несреќа на скиање, според најновите информации може да направи неколку чекори со помош на други, а исто така е во состојба и да ја крене раката. Оваа ексклузивна вест ја пренесе германскиот таблоид Bunte.
„Михаел е многу слаб. Но важно е дека може да оди со помош на своите доктори, напраи неколку чекори. Може и да ја крене раката“, изјавил извор за таблоидот, кој го објавил ова и покрај противењето на семејството.
„За жал мораме да се огласиме поради овие натписи. Таквите шпекулации се неодговорни, и имајќи ја во предвид неговата состојба, неговата приватност е неверојатно важна. Исто така ваквите натписи им даваат надежна многумина кои сочувствуваат“, истакнуваат од менаџментот на семејството.
Од весникот инсистираат дека нивната приказна е точна.
Шумахер моментално се наоѓа на домашно лечење, а по желба на семејството многу малку се знае за неговата состојба.
На 29 декември 2013 година Шумахер падна и удри со главата во камен по што остана во кома. По шест месеци во кома беше префрлен на рехабилитација, прво на клиника во Швајцарија, а потоа во септември на домашна нега.„Со сето срце се надевам дека наскоро ќе слушнам добри вести“, рекол кон крајот на ноември претседателот на Ферари, Лука Кордеро ди Мон



