Конечно ќе биде откриена тајната на Мона Лиза

Дали тајната на Мона Лиза наскоро ќе биде разрешена, ќе покаже денешното ископување на семејната гробница на Џерардини.Истражувачите веруваат дека жената која го инспирирала Да Винчи, била Лиса Џерардини Дел Џоканда, жена на трговец од улицата во која живеел славниот уметник во 16-от век.
Гробницата е отворена минатата година во поранешниот манастир Урсулин во Франција и пронајдени се неколку скелети, јави „Дејли Мејл“.
Се верува дека е еден од костурите е на Лиса Џерардини, а за тоа да се потврди, ќе се спореди со примероците на нејзините синови закопани во семејната гробница во Фиренца.
Некои претпоставуваат дека мажот на Лиса, Франческо Дел Џоконда го нарачал портретот од Да Винчи за да ја прослави нејзината бременост или купувањето на куќата меѓу 1502 и 1503 година.
После смртта на Франческо, таа стана монахиња. Почина во 1542 година на 63 години и е погребана во манастирот.
Преку споредување на ДНК, научниците се надеваат дека конечно ќе биде решена тајната на Мона Лиза. Истражувачите веруваат дека жената која го инспирирала Да Винчи, била Лиса Џерардини Дел Џоканда, жена на трговец од улицата во која живеел сл

Пронајдете не на следниве мрежи: