КОНЕЧНО! Лео доби Оскар, а со говорот ја расплака Кејт Винслет

Изгледа дека престапниот ден е навистина посебен, бидејќи денес, на 29. Фебруари 2016 година, после децении чекање – Леонардо Дикаприо освои Оскар.Сликата на Лео на која во раце држи Оскар е нашто на што навикнавме, бидејќи луѓето веќе со години го фотошопираат така што во раката држи златен Оскар. Меѓутоа, овој пат тоа навистина се случи – Лео доби Оскар за најдобра машка улога во филмот „Повратник“.
И така и дојде крајот на една од најпопуларните Интернет шеги.

Кога Џулијен Мур го изговори неговото име, од салата се слушна најгласниот аплауз, а Лео делуваше пресреќно.

Додека излегуваше на бина и едно две минути откако застана зад микрофонот, публиката не престана да аплаудира и вика, бидејќи изгледа дека сите беа во неверување за тоа што навистина конечно се случува. Не е монтажа, не е шега – Лео навистина доби Оскар.

Потоа почна неговиот говор, кој сите ги остави без текст.

 

Откако неколку пати ја замоли публиката да се смири и почека неколку минути за да помине воодушевувањето, Леонардо сосема смирено без да покаже дека се случило нешто што го чека деценија и повеќе, го започна говорот.
Најпрво му се заблагодари на колегата Томи Харди, кој го окаректизира како одличен актер и уште подобар пријател. Лео го продолжи својот говор поради кој Кејт Винслет беше на раб на солзи, со следниве зборови.

Повратник е филм за природата и затоа сакам да укажам колку е важно тоа добро да се однесуваме кон планетата Земја. Бидејќи само на тој начин можеме да му обезбедиме опстанок на човечкиот вид – рече помеѓу останатото Дикаприо, додека Кејт лееше солзи радосници.  
Сликата на Лео на која во раце држи Оскар е нашто на што навикнавме, бидејќи луѓето веќе со години го фотошопираат така што во раката држи златен О

Пронајдете не на следниве мрежи: