Конечно се познати димензиите на iPhone 6

Веќе извесен период кружат гласини дека Apple планира да ги зголеми димензиите на екранот за новиот iPhone, кој оваа есен би требало да излезе во продажба. Конечно се појавија поверодостојни докази за овие тврдења.Француската веб-страна Nowhereelse објави фотографија на која е прикажан калапот за производство на новиот iPhone, а притоа е спореден со iPhone 4s. Како што може да се забележи на сликата, новиот уред ќе има димензии од 138 x 64 милиметри, што е зголемување од димензиите на iPhone 5s (123,8 мx 58,6 милиметри) и iPhone 4s (115,2 x 58,6 милиметри).
Доколку оваа слика е вистинита, тогаш се потврдуваат сите гласини дека новиот iPhone 6 ќе поседува 4,7 инчен екран на допир. 
Повеќе на gsm.mkФранцуската веб-страна Nowhereelse објави фотографија на која е прикажан калапот за производство на новиот iPhone, а притоа е спореден со iPhone 4s

Пронајдете не на следниве мрежи: