Конгресменот Франкс најави две нови истраги за Бејли!

Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс најави две нови истраги за за американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли. Франкс најави дека ќе се активира Генералниот инспектор на САД и Генералната канцеларија за сметководство на САД.Во своето вчерашно интервју за МТВ, покрај истрагата и прашањата од Конгресмените, Франкс најави уште 2 нови истраги за Бејли и Амбасадата на САД во Скопје, односно втора и трета истрага за Бејли.
-Тоа е следниот чекор, веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од канцеларијата на сметководствотои да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме, рече Франкс.
Франкс изрази загриженост за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос, не само во Македонија туку и низ целиот свет, –
-Сорос беше посветен непријател на американските идеали за човекова слобода веќе долго време, и за нас како Американци да ги поддржуваме организациите кои ја поткопуваат американската политика и американски идеали за човекови права е ужасна рестрикција во нашите напори, не го кажав тоа како што треба, значи, за американските долари да одат до организации поврзани со ЏорџСорос значи дека се поткопуваат идеалите како Американци, рече Франкс. Во своето вчерашно интервју за МТВ, покрај истрагата и прашањата од Конгресмените, Франкс најави уште 2 нови истраги за Бејли и Амбасадата на САД в

Пронајдете не на следниве мрежи: