Копаоник Бизнис форум [8-10 март 2016 година]

На Форумот ќе присуствуваат 820 учесници; во текот на три дена високи државни функционери и влијателни бизнис лидери ќе водат панел дискусии за реформските предизвици од различни аспекти.Копаоник бизнис Форумот кој ќе се одржи од 8 до 10 март во Конгресниот центар на хотелот Гранд Копаоник, ќе собере рекорден број на учесници – 820 учесници, претставници од Владата, домашни и странски стопанственици, дипломати, економски аналитичари, теоритичари и меѓународни експерти.
Темата на овогодинешниот форум е „Достигнување и конвергенција на водечките трендови: како да се санираат пукнатините во системот“, а во текот на трите дена ќе бидат организирани 20 панел дискуии, 3 пленарни сесии и пет специјални презентации.
Учесниците на „Српскиот Давос“, најважниот настан од ваков вид во текот на годината, ќе се обидат да креираат платформа за аргументирана и конструктивна дискусија за согледување и анализа на клучните реформски предизвици од различни аспекти.
„Повеќе од 20 години, Копаоник бизнис форумот собира голем број учесници, горди сме што оваа година го надминавме рекордот и на едно место во текот на 3 дена ќе имаме 820 учесници. Тоа ќе биде можност економските експерти и бизнисмени да ги оценуваат ефектите од реформите и да разменат мислења со цел да дојдеме до изводливи и ефикасни политики. Ќе работиме поактивно на поврзување на регионот и зголемување на конкурентноста на Балканот со желба заедно како еден пазар да бидеме поатрактивни за инвеститорите, а со тоа да обезбедиме и подобри услови за живот.“ – изјави Александар Влаховиќ, претседател на Српскиот сојуз на економисти.
Програмата на форумот предвидува расправи во три области:
8 март – Економски последици на новата реалност: проблеми, причини и решенија
9 март – Ажурирање на реформската агенда: реформа на државата и реструктурирање на јавниот сектор
10 март – Идни чекори во спроведување на реформите
„Како и секогаш, Копаоник бизнис форумот, и годинава ќе биде место на разговор на релевантни луѓе од светот на политиката, стопанството и економските науки, со цел Србија да се измени на патот кон достигнувањата на вредности и перформансите на Европската Унија“, – вели Драган Џурчин, селектор на Форумот.
Заклучоците од 23-тиот Копаоник бизнис форум ќе бидат сумирани во документот „ Копаоник Консензус“. Српскиот економски сојуз и Српското здружение на корпоративни директори, под покровителство на претседателот на Владата на Република Србија, традиционално го организираат форумот. Овогодинешен партнер на Форумот е компанијата MasterCard.
„Во име на компанијата MasterCard, би сакала да им се заблагодарам на организаторите затоа што го препознаа единствениот сет на експертиза, согледувања на пазарот и можностите кои ги поседува нашата компанија и може да ги сподели со сите ученици на овој реномиран настан. Се надевам дека по Форумот ќе ги преточиме заклучоците во практични активности и ќе имаме чиста насока за понатамошен развој на пазарот“, изјави Јелена Ристиќ, директор за продажба во MasterCard за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.Копаоник бизнис Форумот кој ќе се одржи од 8 до 10 март во Конгресниот центар на хотелот Гранд Копаоник, ќе собере рекорден број на учесници &ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: