КОШМАР НА СЕКОЈ РОДИТЕЛ: Македонец си го истетовирал лицето откако ја убил малолетната девојка!

Сашо Ристовски (28), е обвинет за убиството на својата девојка тинејџерка, 16-годишната Медисон Тилјард.Поранешниот припадник на обезбедување под дејство на алкохол и амфетамини, на 4. јули 2014 година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубила неговата девојка. Тој поминал без ниту една повреда.
Во знак на каење, Ристовски си го истетовирал целото лице за да не ја заборави болката што ја предизвикал.
„Го ставив ова ѓаволско мастило за да не се заборави болката што ја предизвикав“ – изјавил тој пред судот.
Инаку, тој го признал делото „опасно возење“ и „предизвикување смрт и несовесно однесување со загрозување на човечки живот“ пренесува Дејли Мејл.

На денот на несреќата, Ристовски ја зел неговата девојка и ѝ се заканил со зборовите: „Јас ќе те ставам во гроб до крајот на ноќта!“
И на своите пријатели пред да замине од забавата им рекол: „Сите ќе ве ставам во гроб.“
Еден ден пред несреќата, тој предизвикал сообраќајка откако изгубил контрола врз спортскиот автомобил на татко му возејќи со 210 км/час.
Ристовски на судот се обидел да искоментира за проблемот за возење под дејство на алкохол, но судијата кој го водел случајот бил дециден дека заканите и намерата да ѝ наштети на девојката се показатели за неговото ризично однесување.Поранешниот припадник на обезбедување под дејство на алкохол и амфетамини, на 4. јули 2014 година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која жив

Пронајдете не на следниве мрежи: