Костов: Да ги оставиме партиите и лидерите да си ја завршат работата

Треба да ги оставиме партиите и лидерите да си ја завршат работата според Уставот, апелира аналитичарот Сотир Костов.
 „Верувам во капацитетот на преговарање меѓу Груевски и Ахмети, но не можам да сфатам зошто некои субјекти вршат притисок. Некои се нарекуваат интелектуалци и кажуваат кој со кого смее да коалицира, а пред само неколку години истите тие се залагаа за други принципи. Упатуваа апели до ВМРО-ДПМНЕ да не го прескокне ДУИ и да не коалицира со ДПА бидејќи ДУИ мнозински го претставува албанскиот народ“, изјави Костов.
Според него, ДУИ не е единствената партија во игра со ВМРО-ДПМНЕ.
„ДПА упорно молчи, сметам дека и Алијансата би можела да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Реално во Алијанса на Албанците има две крила – луѓе што си заминаа од ДПА и ДУИ. БЕСА не сака да учествува во Влада со ВМРО-ДПМНЕ, но е контрадикторна сама по себе. Се залагаше за преродба со БЕСА, а во контекст и беше редефинирање на Македонија. Не може да има преродба со редефинирање“, заклучи Костов.„Верувам во капацитетот на преговарање меѓу Груевски и Ахмети, но не можам да сфатам зошто некои субјекти вршат притисок. Некои се нарекуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: