Крадци во Париз преку дупка во ѕид украле дијаманти вредни 2 милиони евра

Креативни крадци минатиот викенд во Париз успеале да стигнат до сеф со дијаманти на искусен трговец на невообичаен начин – преку дупка во ѕид на соседна просторија, а зад себе оставиле порака: „Без насилство и оружје. Извинете што пречевме“.Начинот на кој вештите крадци стигнале до пленот вреден два милиони евра го потврди вчера француската полиција, откако трговецот со дијаманти го пријавил грабежот во полициската станица на Третиот арондисман во Париз.
Искусниот експерт за скапоцени камења, кој повеќе од 35 години тргува со дијаманти, рубини и сафири, дискретно се сместил во единствениот стан во зградата во тој дел од Париз, во која има само деловни простории.
Крадците, меѓутоа, отворот во ѕидот го направиле од соседниот деловен простор, а полицијата истакна дека тие биле добро подготвени за грабежот, бидејќи морале да бидат опремени со алати за обивање и дупчење на ѕидот, а потоа и за обивање на сефот.
На крајот, најверојатно инспирирани од грабежот кој во 1976 година го извршил францускиот престапник Албер Спаѓари во банката Сосиете женерал во Ница, тие на огласна табла во една од канцелариите напишале: „Без насилство и оружје. Извинете што пречевме“.
Начинот на кој вештите крадци стигнале до пленот вреден два милиони евра го потврди вчера француската полиција, откако трговецот со дијаманти го пр

Пронајдете не на следниве мрежи: