Влада Аврамов и Славица Ќуктераш, по се изгледа, и ставија крај на романсата долга девет месеци.Голманот на Каљари ги тргнал сите заеднички фотографии од него и Славица од Фејсбук, а го тргнал и статусот дека е со пејачката во брак, кој стоел на неговиот профил (оставил дека е свршен) и со своја фотографија ја сменил нивната заедничка која подолго доминирала на неговиот профил.
Откако сето тоа го направила, оставил и порака, според која се гледа дека е разочаран:„Не е паметно секогаш да си добар, но јбг, така ме воспитувале моите“, напишал Владо во петок вечерта и ставил знак дека е тажен.
За тоа време Славица на Твитер го ретвитувала само статусите кои имаат врска со несреќни љубови, а во тој стил и напишала одговор на една пријателка:
„Водолии, генерално ние цел живот страдаме за партнерите“, напишала Славица која исто така ја тргнала фотографијата со Владо од профилот на оваа социјална мрежа.
Добро информираните во љубовниот живот на голманот и пејачката тврдат дека тие двајца во последно време се почесто се расправале поради тоа што Славица не можела да се навикне на живот на релација Србија – Италија, а таа немала доволно сила да стави крај на се, да ја напушти кариерата и замине во Каљари. Ова му пречело на Владо, па наместо закажаната свадба во јуни следеше прекин на свршувачката.
Потсетуваме, тие двајца ја започнале врската минатата година во септември, а по само девет дена се свршија. Славица месец дена пред тоа ја раскинала четиригодишната врска со комшијата Стефан, а тој осумгодишна со Нина Караварис, креаторка од Нови Сад. Славица на цел глас зборуваше дека им се случила љубов на прв поглед. Медиумите во неколку наврати пишуваа дека двојката дури и се венчала во тајност.Голманот на Каљари ги тргнал сите заеднички фотографии од него и Славица од Фејсбук, а го тргнал и статусот дека е со пејачката во брак, кој стоел



