Крај за X-Фактор? -Кризата ќе го згасне шоуто многу порано отколку што требаше

Изоставувањето на шестата емисија на Х Фактор, наместо кој беше емитувано специјалнто издание, покрена разни трачеви околу тоа зошто продукцијата се одлучи на ваков чекор.  Иако од продукцијата најавија дека овој пат нема да има Х Фактор поради грипот, порталот Tracara.com носи други информации.
Всушност, како што тврди нивниот извор, постојат сомнежи дека Икс-Фактор ќе згасне.
Како што се наведува во текстот, комбинацијата од недостиг на финансии и проблеми со лиценцата продукцијата ја доведоа во незавидна ситуација во која се размислува за иднината на ова шоу.
Наводно, публиката ќе има прилика да гледа уште само две емисии, а финалето е закажано за 24 март.
Но, откако го објави ова сајтот, неколку часа подоцна се оправда…

 

Тие по неколку часа добиле демант од продукцијата дека во прашање е само трач во кој нема вистина.
Како што им објасниле од таму не постои никаква промена на плановите врзани за понатамошниот тек на популарното шоу, што значи дека Х Фактор нема да го гледаме во изменето или скратено издание. Од вторник во нормален тек си продолжува музичкото шоу, а највозбудливиот дел допрва доаѓа.
Финалната вечер на натпреварувањето би требало да се одржи на крајот на март.Иако од продукцијата најавија дека овој пат нема да има Х Фактор поради грипот, порталот

Пронајдете не на следниве мрежи: