Кралско овошје за добро расположение

Резултатите од бројните студии сведочат дека ова овошје е едно од најлековитите овошја на светот токму поради своето благотворно дејство врз целиот организам.Калинката се смета за една од највкусните, но и најлековитите намирници. Таа има одлично влијание врз целиот кардиоваскуларен, нервен и коскен систем, а многу научници сметаат дека успешно го намалува и ризикот од срцеви болести, посебно кај лицата со вишок килограми. 
Дневната доза на ова овошје го регулира крвниот притисок и холестеролот, а неговите состојки, како што тврдат експертите, влијаат и врз спречување на растот на рак на дојка, простата и дебело црево.
Освен тоа, калинката е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми и маснотиите, а истата штити од дијабетес. Со оглед на тоа што изобилува со различни витамини, посебно А, Ц и Е, таа претставува исклучително средство за елиминирање на воспалителните процеси и вируси во телото.
Калинката има широка примена и во светот на убавината бидејќи се смета за еликсир за кожата. Маслото од калинка е моќно оружје во борбата против стареењето, а на кожата и дава еластичност и свежина. Покрај тоа, маслото успешно се бори и со кожните проблеми како псоријаза, егзема и изгореници од сонце.
За зајакнување на имунолошкиот систем и превенција од многу други болести, но и за поттикнување на серотонинот во крвта, експертите препорачуваат секојдневен внес на една чаша свежо исцеден сок од калинка.
Поради нејзиното влијание врз целокупниот организам, совршениот вкус и широката примена во домаќинството, калинката оправдано го носи епитетот “кралско овошје”.
 Калинката се смета за една од највкусните, но и најлековитите намирници. Таа има одлично влијание врз целиот кардиоваскуларен, нервен и коскен сист

Пронајдете не на следниве мрежи: