Кралското семејство кое 150 години ја убива Македонија!

Локација: Софија. Период: 12-14 јули 1935 година. Настан: Рели трка меѓу југословенските „Соколи“ (меѓу нив и Македонци) и бугарските „Јунаци“. Страсна трка меѓу младите автомобилџии и другарство…започнуваат да се редат песни за заедништвото меѓу нив, песни за балканска федерација, за „сиктер“ на лондонските банкари и круните на кобурзите…

Но, се појавува некој „ко овде није наш“, како што велат Србите. На последниот ден од релито, од никаде се појавуваат сомнителни типови со ромбоидни глави, облечени во бело. Се нарекуваат бугарски „супремацисти“. Вооружени со дрвени палки и синџирите тие дивјачки влетуваат во софиските кафани каде младите балканци се веселат и – тепаат. Се по ред. Бугарските весници, диригирано известуваат за тепачки меѓу „Соколите“ и „Јунаците“ за меѓунационална омраза, за протерување на „циганосрбите“ од Бугарија. Меѓутоа во Софија има и други новинари кои знаат за што се работи и прецизно известуваат.

Царски бандитизам
Горниот вовед на овој текст е парафразиран од книгата „Бугарскиот заговор“ на британскиот новинар Џозеф Свајр, дописник на Ројтерс во тоа време. Оваа книга до ден-денес е забранета во Бугарија. Свајр пишува за искомплкесираноста на бугарското општество со теориите на заговор, но овде ние го преземаме овој настан како извонредна илсутрација на не-делата на европското кралско семејство и трагедијата што му ја приредија (и приредуваат) на македонскиот народ – а и на другите народи. Но, претходно да го видиме заклучокот на Свајр.
Бугарските „супремацисти“ беа всушност најтешки криминлаци, кои тој ден привремено беа ослободен од софискиот затвор и вооружени со ладно оружје од полицијата за да ги претепаат младите. И тоа директно по наредба на бугарскиот цар Борис. Имено, тој е оној кој не не „наш“. „Зад најголемиот бугарски национализам и шовизам стои кралската династија на Кобурзите (кое немаат никаква допирна точка со Бугарите, туку се Германци), на чело со цар Борис. Кобурзите се плашеа од федерацијата на јужните словени“, пишува Свајр.

А, за Македонија и ВМРО пишува:
„ВМРО кое беше основано во 1893 година за да се избори за автономија во Отоманската империја, насилно се спротиставуваше на намерите на Бугарија да ја анектира Македонија, но таа организација сепак падна под влијанието на Врховистите во Софија. Во 1924 година, повеќето Македонци во Бугарија, беа имигранти од грчка Македонија. Тие од Бугарија бараа разбирање со Југословените во борбата против Грците. Лидерите на ВМРО се обидуваат да ја зајакнат својата независност, но беа масакрирани од терористите предводени од Ванчо Михајлов, кој пак беше во служба на италофилскиот бугарски министер за војна, Волков. Овие терористи, маскирани како лидери на ВМРО за да ја залажат јавноста, со насилство се обидуваат да го спречат помирувањето меѓу Бугарија и Југославија“, заклучува новинарот Свајр.

Кои се европските/балкански кралеви
Најјасна слика за тоа кој всушност владеел со Европа, а со тоа и на Балканот (балканските кралеви се всушност деца на европските), основно е да се погледне една династија која се наоѓа во секое родословно дрво на секој Европски монарх. Така е и денеска, иако само 9 европски држави имаат кралски династии. Ќе погледнеме дека на стариот конитенет и не може да се има трон или власт ако не сте поврзани (крвно) со нив. Ако некој народ нема свој преставник кај нив, тој исто како да не постоел (токму како ние Македонците).
Во оваа анализа нема да се занимаваме со т.н. теоретичари на заговор, за приказните за Комитетот на 300 на британската кралица, Илуминатите, Масоните, Редот малтешките витези или луѓето гуштери, туку ќе се држиме за цврсто утврдени факти, а заклучоците сами ќе си произлезат. Не станува забор за откривање топла вода и непознати информации, туку за проблематика која, од за нас сосема неразбирливи причини, воопшто не е разработена кај нас, па оттука е слабата информираност за неа.

Значи, името на оваа злогласна фамилија, меѓу другото и главниот виновник за Првата светска војна (поради што и беше наречена и Империјалистичка војна) е династијата позната како Куќа на Сакс- Кобург и Гота. Ова е главната, основна кралска фамилија во Европа. Директно, во нејзините гранки спаѓаат: белгиското и бугарското кралско семејство, како и онаа која сите ја сметаат за најмоќна –  Куќата на Виндзор или британското кралско семејство. Сите останати куќи, како Глуксбург, Оденбург и Хабсбург се исто така индиректно дел од оваа куќа. Меѓу нив некогаш беа и Романови, руската царска фамилија која беше ликвидирана по Октомвриската револуција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.