сабота, 21 ноември 2026
Најново

Кристијан Даниелсон денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино.Според Мисијата на ЕК во Скопје, Даниелсон ќе се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на Владата задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев.
Во Брисел вчера Даниелсон имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој по средбата изјави дека станало збор за актуелната политичка состојба во земјата и за процесот на организирање и подготовка на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни.
Диртекторот на директоратот за проширување доаѓа во посета на Македонија еден ден пред најавеното распуштање на Парламентот, а денеска пратениците треба да гласаат за избор на новите министри во Владата предложени од ДУИ.Според Мисијата на ЕК во Скопје, Даниелсон ќе се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на

Поврзани вести