Кристијан Голубовиќ се појави на суд и присутните ги остави БЕЗ ТЕКСТ: Ја спомна и Цеца!

Александар Кристијан Голубовиќ, кој е осуден на 14 години затвор поради посредување во купопродажба на 100 грама мешавина од хероин и парацетамол, вчера во Апелациониот суд, изјави дека не е крив, и дека доколку судот процени поинаку да го пратат на социјална корисна работа наместо затвор. Голубовиќ, за потсетување, беше уапсен на 16 јануари 2010 година пред црквата Свети Марко.- Jaс сум голем противник на дрогата. Многу се променив, но ако мислите дека треба да ме казните, покорисен ќе бидам за државата ако копам канализација или канали, отколку да бидам во кафез со дегенерици и наркомани. Ако може некоја кафанска пејачка да носи алка за локација на ногата поради домашен притвор, тогаш можам и јас, вели Голубовиќ во текот на образложението на жалбата за пресудата, асоцирајќи на Цеца. Која беше на тој начин во домашен притвор.
За казната која му е изречена, тој рече дека е апсурдна
– Се ова е фарса. Луѓето од кланот на Шариќ, кои се осудени за тони дрога, излегоа покрај мене со 7-8 години затвор. Јас излегува дека сум кловн кој врти три портокали и сите го маваат со домати и му се смеат – сликовито објасни  Голубовиќ како се чувствува, додека поддршка му даваше сопругата Ивана Велјовиќ која е во седми месец од бременоста како и неколку пријатели и роднини.

 

Признал поради мајка му
 Во казната на Кристијан од 14 години затвор, пресметана му е и казна од 2 години и три месеци затвор поради незаконско поседување оружје, за кое претходно призна дека е негово.
– Тој пиштол никогаш не сум го ни видел. Признав тогаш само поради мајка ми која се разболи во притвор, да ја пуштат на слобода. Јас би признал и дека сум носел дрога за Шариќ ако треба да добијам и 40 години, бидејќи тоа е мојата мајка. И за вас истото би го направил. Јас сум урбан Робин Худ – се обрати голубовиќ во судот, тврдејќи дека завршил во притвор само поради неговата „наивност и добрина“.- Jaс сум голем противник на дрогата. Многу се променив, но ако мислите дека треба да ме казните, покорисен ќе бидам за државата ако копам канализа

Пронајдете не на следниве мрежи: