Кривична пријава за битолчанецот што се обиде да се самозапали

СВР Битола до Основното јавно обвинителств-Битола, поднесе кривична пријава против Н.М. (66) од Битола заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“.Од СВР-Битола информираат дека на 20 јуни, околу 03:10 часот, пријавениот Н.М., револтиран затоа што истиот ден требало да оди на извршување казна од 10 години и 6 месеци, влегол во сопственото возило Ауди-А 4 со битолски регистарски ознаки и сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
-Пријавениот Н.М. во своето возило претходно ставил две туби со запаллива течност, две мали плински боци, и една голема плинска боца од 25 литри, која ја ставил во багажникот со претходно отворен вентил и со возилото од својотдом се упатил по Булевар „1 Мај“ во Битола во спротивна насока од дозволената. Пријавениот на непознат начин се самозапалил и со голема брзина се упатил кон влезот на Основен суд, ја преминал високата банкина и удрил во десниот столб покрај самиот влез на Судот, каде предизвикал силен пламен кој целосно го уништил возилото. Од пламенот на пријавениот му се нанесени тешки изгореници по горниот дел од телото и главата, а воедно предизвикал опасност, пожарот да го зафати и самиот објект и лицата кои биле присутни во тој момент во објектот, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
СВР-Битола поднесе кривични пријави и против П. Д. (17 ) и С.Л. (40) и двајцата од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“. Пријавените ноќта на 13 јуни годинава биле во битолското кабаре „Император“, каде користејќи физичка сила и манифестирајќи насилничко однесување, нападнале две лица и го демолирале објектот со што кај присутните гости и вработените кои во тој момент се наоѓале во кабарето предизвикале чувство на страв и несигурност.Од СВР-Битола информираат дека на 20 јуни, околу 03:10 часот, пријавениот Н.М., револтиран затоа што истиот ден требало да оди на извршување казна

Пронајдете не на следниве мрежи: