Кривична пријава за тројца скопјани за 65 тешки кражби

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе една кривична пријава и едно писмено известување против лицата С.М. (21), Б.А. (19) и С.Д. (20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле 65 кривични дела „тешки кражби“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.877.700 денари.За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Како што информира МВР, по претходна анонимна телефонска дојава дека на булевар „12-та Македонска бригада“ две непознати лица сомнително се движат помеѓу куќите, од страна на полициски службеници било излезено на лице место, при што биле затекнати лицата С.М. и Б.А. кои се лишени од слобода и приведени во полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.
– Во полициската станица бил извршен разговор со нив, во кој појасниле дека кога биле затекнати во дворот имале намера да влезат во куќата и да извршат кражба, но дека биле спречени во намерата од страна на полициски службеници. Исто така појасниле дека во претходниот период на подрачјето на општините Аеродром и Кисела Вода заедно со трето пријавената С.Д. имаат извршено повеќе тешки кражби во куќи и станови од каде имаат украдено пари, златен и друг накит, преносни компјутери (лап топ) и други предмети, соопшти МВР.
Златниот накит, се истакнува во соопштението, го продавале во златарница во ГТЦ Скопје, преносните компјутери ги заложувале во заложна куќа, а останатиот накит и предмети ги продавале на непознати лица на пазарот во населбата Шуто Оризари.
– Парите кои ги добивале од продажбата, заложувањето и парите кои ги пронаоѓале и одземале од куќите и становите ги делеле помеѓу себе, по што дел од парите ги трошеле во казина, а другиот дел за свои потреби. По извршениот разговор од страна на С.М и Б.А. биле посочени куќите и становите во кои ги имале извршено тешките кражби, а дале и појаснување за начинот на кој влегувале во куќите и становите и какви се предмети одземале. Кривичните дела ги вршеле преку ден, но и во ноќните часови во временскиот период од 16.03 до 23.10. годинава и тоа на подрачјето на Аеродром и Кисела Вода при што 46 тешки кражби извршиле во станови лоцирани на приземје, а 19 во куќи, појасни МВР.
Во полициксата станица Аеродром бил повикан сопственикот на златарскиот дуќан лоциран во Градски трговски центар – Скопје и со него е извршен разговорво кој појаснил дека од пријавените во повеќе наврати имал откупено златен накит за што им биле издавани потврди за откупено лом злато, но дека златниот накит веќе го имал претопено.
По предходно издадена наредба од судија на предходна постапка од Основен суд Скопје I Скопје, бил извршен претрес и во заложната куќа поради основи на сомнение дека пријавените имаат заложено повеќе преносни компјутери кои потекнуваат од извршените кривични дела. При претресот пронајдени биле неколку заложени преносни компјутери за кои им биле издадени каса исплати и кои со потврда се одземени од сопственикот на заложната куќа и вратени на сопствениците.
С.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти. Од страна на СВР Скопје му биле поднесени 20 кривични пријави во последните пет години. На Б.А. последнава година му се поднесени седум кривични пријави, а против С.Д. во изминатите седум години се поднесени 45 кривични пријави.За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Како што информир