КРИВИЧНА ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Дете се обиде да си ја продаде играчката за да си купи храна

Луѓето ширум САД се здружија за да му помогнат на седмогодишното гладно момче од Охајо, кое се обиде да ја продаде својата играчка за да купи храна. -Граѓаните и фирми во САД се заинтересирани како можат да помогнат, изјави претставник на црквеното хуманитарно здружение во местото Френклин.
Прво, полицијата во Френклин соопшти дека пронашла босоного момче со голема играчка, кое се обидувало да ја продаде пред една аптека. Тој им рекол на полицајците дека со денови не јадел.
Полицецот го одвел детето во ресторан да јаде, а потоа отишле во домот на детето, каде пронашле уште четири постари момчиња, кои заедно со родителите живеат во голема сиромаштија.
Социјалната служба веднаш децата ги преселила кај роднини, а против родителите следи преткривична постапка поради загрозување на децата.-Граѓаните и фирми во САД се заинтересирани како можат да помогнат, изјави претставник на црквеното хуманитарно здружение во местото Френклин.

Пронајдете не на следниве мрежи: