петок, 27 ноември 2026
Најново

Кризниот штаб на град Скопје во борба со поплавите!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По обилните врнежи на дожд што синоќа го зафатија подрачјето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го мобилизираа Градскиот штаб за заштита и спасување, коj на средбата ги утврди приоритетите за расчистување на насобраната вода на сообраќајниците и за санирање на штетите.Градскиот штаб за заштита и спасување, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, сите јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје, веднаш почна да дејствува на терен.
Веднаш беа активирани повеќе од 300 луѓе и целокупната механизација која е на располагање на јавните градски претпријатија и на Противпожарната бригада. Екипите интервенираа на сите критични точки (поплавени места) и ги санираа штетите. Прво се интервенираше на расчистување на булеварите и улиците во Скопје, а во втората фаза се работеше на испумпување на водите од објектите.
Отворени се и телефони на кои граѓаните може да пријавуваат штети предизвикани од поплавите во Скопје – 02/ 3073010, 02/ 3297295, 02/ 3297204.
По невремето, до Градскиот штаб за заштита и спасување беа пријавени над 70 случаи за штети од поплавите, но нема пријави за повредени лица, туку само за причинета материјална штета. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” интервенираа во 11 случаи за отстранување паднати дрвја.

До утрово целосно е санирана штетата од поплавите кај подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“, каде што беа заглавени повеќе возила и лица, кои беа безбедно евакуирани. Екипите успешно интервенираа и на поплавите кај кружниот тек пред хотелот Континентал, на влезот во Општина Гази Баба, кај булеварот Кочо Рацин (во близина на МТВ), и на булеварот Киро Глигоров.  Од утрово сообраќајот во градот се одвива нормално.
Покрај поплавите на овие црни точки, до Градскиот штаб за заштита и спасување пријавени се и повеќе случаи на поплавени подрумски простории, како и паднати дрвја од големото невреме.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски до раните утрински часови на терен ги следеше и координираше активностите на екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување.Градскиот штаб за заштита и спасување, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, сите јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарн

Поврзани вести