Кршење со јајца: Како и зошто се слави Велигден ширум светот!

Loading...

Велигден е еден од најголемите христијански празници кои го слават илијадници луѓе ширум светот! Сепак малку се оние што знаат зошто се вапцаат јајца.Иако многу луѓе ширум светот го слават овој празник, голем број не ја знаат вистинската симболика на неговите обичаи. Дали некогаш сте се запрашале зошто се вапцаат јајцата или зошто зајакот е симбол на Велигден? Време е да дознаете…
Вапцање на јајца
Вапцани јајца се пронајдени уште во праисториските гробови, а традицијата на боење меѓу иранскиот народ трае околку 2500 години.
Причината за бојадисувањето лежи во фактот дека на јајцата симболично се испишувале магиски зборови или мотиви за да се зголеми значењето на самото бојадисување. Со време тоа се претворило во забава за целото семејство која најчесто се препуштала на децата.
Во христијанството украсените јајца се симбол на нов раѓање, Исусовото излегување од гроб односно воскреснување. 
Оган
Од паганските обичаи црквата го прифатила и палењето на оган за Велигден и на самото тоа му додала ново значење. Палењето на оган во текот на велигденската ноќ го симболизира воскреснувањето на Исус. Некогаш се внесувало и жарче од оганот во куќите, со тоа се осигурувала среќата и благосостојбата во домот. 

 
Еве како Велигден се слави ширум светот
Во Северна Америка најпознат обичај се парите на јајца. Родителите ги кријат, а децата веруваат дека зајакот навечер им оставил подароци. 
Жителите на Белгија ги убедуваат децата дека јајцата ги донеле од ѕвоната во Рим.
Во источна Холандија се палат огнови.  А децата се удираат по задник за да го истераат лошото однесување од нив. Тој обичај е чест и во Шкотска каде постои изрека „Истепан како на Велигден“ што означува дека за некој престап е добиена преблага казна. 
Во Норвешка на Велигден се решаваат убиства- на телевизиските канали се даваат детективски филмови. 
Во Финска и Шведска традиција исто така е фарбањето на јајаца, но таму децата, собираат слатки од врата до врата во замена за велигденски гранчиња од врба. 
Во Бугарија  луѓето ставаат на прозорите брашно, сол квасец и јајца, а од тие состојки на првиот ден се меси леб. Потоа тој леб се благословува за годината да биде плодна.Иако многу луѓе ширум светот го слават овој празник, голем број не ја знаат вистинската симболика на неговите обичаи. Дали некогаш сте се запрашале

loading...
Loading...