Крушата под круша паѓа: Дамјан чекори по стапките на својот татко Војо Стојаноски

Дека крушата под круша паѓа доказ е и синот на Војо Стојаноски, Дамјан, кој тргна по стапките на татко му и на неодамна одржаниот фолк-фестивал Филиграни ја освои наградата за најдобар дебитант, пишува Вечер.Дамјан има 18 години и е четврта година во средното музичко училиште, отсек соло-пеење. Уште од мали нозе велел дека музиката ќе биде негова професија. Дамјан најголемата поддршка ја добива од семејството.
– Го советувам да слуша многу музика, разновидна, да се труди да биде свој, оригинален, но никогаш да не ги заборава корените, да го истражува изворот на македонската песна и секогаш да биде близу до него. Истовремено, му укажувам дека сепак, ова не е ни малку лесна професија, дека времињата во однос на заработувањето од музика се променија, станаа потешки и дека за да се опстои на естрадата освен талент, треба многу труд и умешност -, вели Стојановски.
Таткото и синот, кои се потврда дека гените се вистинско чудо, велат дека во иднина нема по секоја цена да снимаат дуетски нумери, но секогаш кога ќе имаат добра музичка понуда, песната со задоволство ќе ја отпеат.Дамјан има 18 години и е четврта година во средното музичко училиште, отсек соло-пеење. Уште од мали нозе велел дека музиката ќе биде негова профес

Пронајдете не на следниве мрежи: