Бесниот милионер, плебој и коцкар кој поради многубројните објавени фотографии со кои покажува дека живее луксузен живот и раскошните убавици му ја донесе титулата „Крал на Инстаграм“ – предизвика невиден скандал.Имено, за време на прославата на неговиот 34-ти роденден во модерниот ноќен клуб „LIV Nightclub“ во Мајами, тој се понесе нечовечки.
Но, кармата е неверојатна – Дан Билзериан беше исфрлен од клубот и не беше во можност да ја заврши прославата. А гестот поради кој беше исфрлен е одвратен: клоцнал во глава една девојка која што стоела покрај подиумот за играње и притоа ѝ ја пукнал аркадата, па летна крв на сите страни.
Припадниците од обезбедувањето веднаш го фатија и го исфрлија со напомена дека засекогаш му е забранет влезот таму, а видеото од инцидентот веднаш се најде на интернет.
Американските таблоиди пишуваат дека девојката одлучила да не го тужи, па се шпекулира дека можеби се договорила со него да добие отштета.
Имено, за време на прославата на неговиот 34-ти роденден во модерниот ноќен клуб „LIV Nightclub“ во Мајами, тој се понесе нечовечки.



