Крвната група го открива вашиот карактер

Во многу земји се смета дека постои тесна врска помеѓу организмот и карактерот на човекот. Меѓутоа во Јапонија е многу раширено верувањето дека карактерот има врска со крвната група, која по мислење на голем број Јапонци има големо влијание на животот, работата и емотивната состојба на лугето.
Токискиот психолог Јошитаке Нома, направил истражувања на животот на илјадници свои сонародници и дошол до некои интересни заклучоци.
Крвна група 0
Носителите на оваа крвна група секогаш се стремат да ги заземат првите места во пронаоѓање на своите амбиции, и се борат со заби и нокти за нивно остварување. Го избираат вистинскиот пат, по кој неисцрпно ја насочуваат својата енергија. Не се плашат од пречките, брзо се справуваат со пораз, и повторно тргнуваат напред. Ретко се во согласност со околината и тоа е единствената слабост на лидерите што во принцип се волци-единци.
Крвна група А
Носители на љубовта, хармонијата, спокојството и редот. Со нив е секогаш лесно и пријатно да се работи, бидејќи избегнуваат конфликти. Се одликуваат со трпение и добронамерност и целото внимание им е кон грижа и внимание на околината. Нивната упорност од тој аспект е најлошата страна, бидејќи повеќето болести кај нив се резултат од тензијата од грижа за другите и што не можат да заборават на туѓите проблеми.
Крвна група Б
Го прават само она што го сакаат и лесно се приспособуваат кон различни ситуации. Имаат добро развиена имагинација, комбинативен ум и понекогаш се склони кон измама во нивна корист. Често им сервираат изненадувања на своите блиски, иако не се сите пријатни. Стремежот да живеат слободно и независно, без да даваат објаснувања на никого, е нивната ахилова пета.
Крвна група АБ
Кон неа спаѓаат кротките и понекогаш наивни личности. Пријателите ги сакаат, бидејќи се чувствуваат удобно во нивно присуство. Тие се тактични, праведни, и често ги развеселуваат своите пријатели. Најмногу страдаат поради неодлучноста. Од страв да не повредат некого, спроведуваат акции со многу задоцнување што е голем животен минус за нив.Во многу земји се смета дека постои тесна врска помеѓу организмот и карактерот на човекот. Меѓутоа во Јапонија е многу раширено верувањето дека кар

Пронајдете не на следниве мрежи: