Кукан: Платформата на Рама за албанските партии во Македонија е целосно неприфатлива за ЕУ

Искусниот европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, испрати силна осуда за т.н. албанска платформа на партиите што ги претставуваат албанските гласачи во македонското Собрание, а која зспоред него ја подготвил премиерот на соседна држава на Република Македонија, Еди Рама. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Кукан, кој е прв човек на Европската народна партија (ЕПП) во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), порача дека таквата платформа е целосно неприфатлива како за него, така и за Европската унија.- Албанија отсекогаш имала добри резултати во однос на регионалната соработка и тоа се цени, но, ќе застанам сега тука. Активностите на албанскиот премиер по изборите во Македонија, за мене се целосно неприфатливи, целосно неприфатливи! Да се поканат албанските политички партии од Македонија и да се дискутира нивна платформа и што треба да прават кога ќе се вратат во нивната земја, мислам е навистина премногу. Изненаден сум што тоа никој не го споменува јавно, но знам дека тоа предизвика многу критики, многу критики. Тоа не е начинот на кој се прават работите, дециден е искусниот словачки европратеник Едвард Кукан.
 
Во исто време, Европската комисија и Советот на Европската унија, на состаноците на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, се уште молчат за т.н. албанска платформа во Македонија, поради која и после изборите, земјата не може да добие Влада и да излезе од политичката криза, со оглед на тоа што платформата е услов за создавање на ново македонско државно раководство.- Албанија отсекогаш имала добри резултати во однос на регионалната соработка и тоа се цени, но, ќе зас

Пронајдете не на следниве мрежи: