Купил кинески чорапи, а во нив најде трогателна порака

Момче од Њукасл, Шакил Акбар купил црни памучни чорапи и таму пронашол необична порака. Пораката е напишана на кинески јазик, а ја напишал затвореник кој ја направил.Шакил успеал да ја преведе сподржината на пораката на англиски јазик и  видел дека станува збор за повик за брза помош. Еве што пишувало на пораката:
„Моето име е Динг Тингкунг. Имам 39 години и погрешно сум обвинет за измама и уцена и осуден сум на 3 години затвор. Сето тоа се случи кога патував во Пекинг да пријавам случај на корупција“ – напишал затвореникот.
Понатаму наведува дека се жалел во суд на пресудата и дека во моментов е во округот Лингби каде што го мачат. Замолил кој и да најде пораката да ја испрати на кинескиот претседател или премиер.
Сепак, портпаролот на компанијата која продава чорапи рекол дека сето тоа е наместено, бидејќи слични пораки се прошириле насекаде низ светот. Акбар не е единствениот кој пронашол порака со слична содржина меѓу чорапи.
 Шакил успеал да ја преведе сподржината на пораката на англиски јазик и  видел дека станува збор за повик за брза помош. Еве што пишувало

Пронајдете не на следниве мрежи: